Северна Кореја истрела проектил од подморница во неделата наутро по локално време, соопшти јужнокорејската војска.
Во соопштението на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја се наведува дека разузнавачките служби на таа земја и на САД се уште анализираат за каква ракета се работи.
Според извештаите, проектилот бил истрелан во близина на градот Синпо на североистокот на Северна Кореја, пренесува Јонхап.
Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА јави дека од подморницата биле истрелани два проектила, кои биле насочени кон подводни цели.
Агенцијата прецизира дека во неделата наутро, по локално време, во водите на источниот брег на земјата биле истрелани стратешки крстосувачки ракети.
Според извештајот на KCNA, проектилите поминале 1.500 километри пред да ја погодат подводната цел.
Ракетата беше лансирана пред големата американско-јужнокорејска воена вежба наречена Штитот на слободата, која започнува во понеделник.
Пјонгјанг ја осуди вежбата како „подготовка за агресивна војна“ против Северна Кореја.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.