(ФОТО) Објавени страници од дневникот на руски офицер ги откриваат огромните загуби на војската на Путин

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Украина на Твитер објави податоци за руските загуби, во кои се наведува дека од 24 февруари 2022 година до 15 март 2023 година Русите изгубиле околу 161.520 луѓе, 3.492 тенкови, 6.799 оклопни возила…

 

 

На Твитер профилот на Министерството за одбрана на Украина, објавена е фотографија од страниците на дневникот на руски офицер заробен во близина на Вухледар, на кој тој водел евиденција за тоа колку војници оделе да се борат секој ден, а колку се вратиле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителите на Москва се уморни од војната. „Новогодишната желба е мир“

„1. Март: 100 војници тргнаа во офанзива; останаа 16

3 март: од 116 војници останаа 23.

4 март: 15 од 103 војници останаа.

5 март: од 115 војници, останаа 3″.

Автентичноста на фотографијата и содржината не се независно потврдени, а оваа објава беше проследена со бројни реакции на следбениците.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.