Фото Кино Клубот Козјак со 19 фотографии на ликовната колонија Карпино

Сподели со своите пријатели

Фото Кино Клубот Козјак од Куманово се претстави со изложба на уметничка фотографија под името „Карпино 2016“ во рамките на меѓународната колонија Карпино.

 

Loading...

img_3873

 

Поставката од 19 фотографии беше изложена на самото отворање на колонијата и претставува колекција на уметнички фотографии од членовите од Фото Кино Клубот Козјак од Куманово.

Оваа година на ликовната колонија Карпино се претставивме со дела кои се наградувани во целиот свет на меѓународни изложби. Истата беше во црно бела техника и беше на тема човек во простор. Поставката беше една од најдобриот избор на ФКК Козјак во последните три години. Лично се гордеам со ваквиот настан на кој учествувавме и сама изложба доби свое излагање како и каталог и патронат под Фото Сојуз на Македонија кој е многу битен. – изјави претседателот на клубот Дејан Ангеловски.

img_3877

 

Како што додава Ангеловски, изложбата ќе остане дел од архивите на Фото сојузот на Македонија.