Форумот на жени на СДСМ Куманово се вклучи во кампањата против насилството врз жени и девојчиња (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со делење маски со натпис „Стоп за насилство врз жени и девојчиња“ на градскиот плоштад во Куманово, Форумот на жени на СДСМ денеска се приклучи во истоимената кампања.

Loading...

 

 

Како што рече претседателката на Форумот, во 16те дена активизам целта е погласно да се зборува за насилството врз жените, затоа што тоа не е начин на комуникација со жената или покажување моќ во семејството.

– Насилството е израз, крик на немоќ и неспособност на некои луѓе да ја разберат жената како жена и да ѝ дозволат да ги ужива човековите права. Бројките на светско ниво велат дека секоја трета жена е жртва на некој вид насилство, секоја 10та жена е жртва на сексуално насилство, на физичко насилство. Овие бројки се важни за сите нас, претставуваат бројки за кои треба да разговараме секој ден, 365 дена во годината. Македонија се вклучува во оваа статистика. Ние како Форум на жени даваме максимален придонес за подигање на свеста, работа на полето на превенција и заштита на жените жртви од насилство, изјави Тодоровска.

 

Loading...

 

Под мотото „Не за насилство врз жени и девојчиња“ вчеравечер се одржа и трибина на Форумот на жени на СДСМ на која учество зедоа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, членката на извршен одбор на Форумот на жени Јована Тренчевска, директорката на Центарот за социјална работа Александра Арсовска и психологот при Општа болница Куманово, Биљана Ивановска.

 

 

Како што додаде Тодоровска секое премолчено насилство, раѓа ново, затоа жената треба да биде заштитена секаде.

 

Loading...

 

Таа ја истакна ратификацијата на Истанбулската конвенција, усвојување на Акциски план за помош и поддршка на жените жртви, отворање на шелтер за прифаќање и рехабилитација на жени жртви на насилство, финансиска поддршка на жртвите, стручна психолошка помош и така натаму.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply