Формирано здружението „Граѓански форум“ – Куманово

Сподели со своите пријатели

Слоганот „Од граѓаните, за граѓаните” е мото на здружението „Граѓански форум” – Куманово, кое вчеравечер ја имаше својата промоција, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации.

Loading...

 

 

Иницијатива за формирање на Здружението потекнува од истакнати јавни личности, кои во текот на својот работен век дале придонес во општественото живеење и се подготвени да креираат нови идеи и проекти во интерес на граѓаните.

 

 

Loading...

Здружението „Граѓански форум” е спој на повеќе генерации и личности од разни професии.

Оваа иницијатива беше поддржана и од градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, кој присуствуваше на вечерашната конститутивна седница и имаше свое обраќање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово

 

 

За претседател на Здружението е избран Симеон Гелевски, потпретседатели Зафер Сулејмани и Мартин Димковски, секретар Марјан Стошевски и 17 членови на управен одбор.

Во септември оваа година,  закажана е нова средба на која треба да се усвои предложената програма за работа на „Граѓански форум”.