Фон дер Лајен: Внимателно ја следиме ситуацијата

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен напиша на Твитер дека е вознемирена од извештаите за експлозија во Полска, по масовниот руски ракетен напад врз украинските градови.

Loading...

– Изразувам сочувство и најсилна порака за поддршка и солидарност со Полска и нашите украински пријатели. Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со полските власти и партнерите и сојузниците – напиша Фон дер Лајен.

Потсетуваме, според локалните медиуми, две руски ракети експлодирале во Полска и две лица го загубиле животот.