Фон дер Лајен: Солидарност со сите жртви на тероризмот во Европа и во светот

Сподели со своите пријатели

Редовниот пладневен брифинг на Европската Комисија за новинари денеска започна со една минута молк за жртвите на терористичкиот напад во Виена и за жртвите на тероризмот ширум светот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Loading...

Во име на претседателката на Европската Комисија, нејзиниот портпарол, Ерик Мамер, изјави дека таа изразува длабоко сочувство за австрискиот народ.

-Таа го осуди на најсилен можен начин овој грозоморен напад и порача дека ЕУ цврсто стои до Австрија, заедно ќе се бориме против тероризмот без прекин, е пораката на шефицата на Европската Комисија денеска по нападот во Виена.

Фон дер Лајен порачува дека “ЕУ е посплотена и пообединета од било кога“.

-Не ги забораваме ниту жртвите на тероризмот на други места, нашите мисли се со жртвите во Австрија, Франција, како и со жртвите во терористичкиот напад врз универзитетот во Кабул. 

Тања Милевска, Брисел

Leave a Reply