Фон дер Лајен нов „трн во окото“ на Трамп

Сподели со своите пријатели

Откако во Европскиот парламент е потврдена нејзината номинација за претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, досегашната германска министерка за одбра,а ќе преговара со САД за трговија, технологија и други важни прашња.

Loading...

Иако наводно е омилена меѓу многу европски и американски претставници на националната безбедност, дури и оние кои ја ценат сметаат дека со именувањето дополнително можат да се влошат односите меѓу ЕУ и САД под раководство на Доналд Трамп, пишува Politico.eu.

Порталот потсетува дека Фон дер Лајен претходните коментари на Трамп за НАТО ги оценила како незрели, дека изразувала сомнежи во врска со причините поради кои тој сака да биде најдобар пријатле со рускиот претседател Владимир Путин, а дури и укажувала дека на американскиот лидер не му е пријатно поради силните жени на лидерски позиции.

Таа задача ќе биде тешка за сите, особено откако Трамп ја нарече ЕУ „непријател“. Но, по стапувањето на лидерката од Германија на чело на ЕК, на унијата најверојатно ќе и бид еуште потешко да ги засили врските со администрацијата на Трамп, рекла Џули Смит, која била во администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама.

Лајен е блиска со германската канцеларка Ангела Меркел, чии односи со Трамп веќе долго се затегнати, потсетува порталот. Претседателот на САД ја критикуваше Меркел за бројни прашња, од трговијата до прием на милион бегалци во Германија.

Новата претседателка на ЕК укажала дека можеби наптнатоста на Трамп во односите со Меркел потекнува од тоа дека тој не навикнал да работи со жени на лидерски позиции.

Најголемата фрустрација на Трамп кога е во прашање Меркел е она за што била овластена токму Фон дер Лајен, а тоа е потрошувачката во доменот на одбраната. Трамп повеќе пати ја критикуваше Германија затоа што не троши барем два отсто од БДП за одбраната, како што ветиле државите членки на НАТО. Тоа прашање на Фон дер Лајен би можело да и донесе и добро и лошо.

За време на нејзиниот мандат во Министерството за одбрана Берлин ја зголеми потрошувачката на одбраната. Меѓутоа, нејзините барања дополнително да се зголеми поторшувачката наишле на неодобрување и во Бундестагот. Берлин минатата година соопшти дека нема да ја исполни својата цел од два отсто од БДП до 2024 година.

Loading...

Фон дер Лајен има доста приврзаници во доменот на одбраната на двете страни на Атлантикот, а дел од нив тврдат дека таа секогаш била искрена во врска со тоа што може да се постигне. Неколкумина од нив укажале дека претходно живеела во САД, па дека и е добро познат англискиот, кој е само еден од неколкуте јазици кои ги зборува, а што и помогнало во односите со Вашингтон.

Еден претставник на НАТО кој барал да остане анонимен, ја пофалил и рекол дека нема причини за загриженоста кога во прашање е нејзината способност да излезе на крај со Трамп, затоа што, како што рекол, ќе го победи со својот ентузијазам, а Трамп сака такви жени, рекол тој.

фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply