Фокус: Ндрецај и Ризај се уапсени па ликвидирани за да не ги откријат режисерите на 9 мај

Сподели со своите пријатели

Според текстот од најновиот број на неделникот „Фокус“, водачите на терористичката група која дивееше на 9-ти мај годинава во Диво Насеље, првин биле уапсени, па ликвидирани со цел да не го откријат сценариото за настанот, како и организаторите на нападот.

Loading...

Бег Ризај и Мирсад Ндрецај биле препознаени на видео материјалите објавени од страна на МВР каде јасно се гледа дека ги приведуваат живи, тврдат роднините на водачите, а пренесува „Фокус“.

Според Фокус семејствата тврдат дека нивните роднини биле егзекутирани за да се прикрие сценариото за кумановската војна, кое им било познато на македонски и косовски функционери, а според кое за пет милиони евра, пари од кои дел им се исплатени на водачите на групата, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции во Македонија за да го свртат вниманието на јавноста од т.н. бомби на опозицијата.

МВР не дава свој коментар за овој текст, туку за одговор упатува до Основното јавно обвинителство, а од таму не коментираат случаи за кои се уште се води истражна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.