Фокс њуз воведе „мека забрана“ за Доналд Трамп

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, иако е еден од кандидатите на Републиканската партија за претседателска номинација на таа партија, не се појавува многу на американскиот Fox News, пишува лондонски „Гардијан“ и наведува дека каналот наметнал „мека забрана“ за него.

Loading...

Последен пат Трамп гостуваше на таа телевизија во септември 2022 година, а како што пишува „Гардијан“, повикувајќи се на стартапот на весникот „Семафор“, заладувањето на односите меѓу поранешниот претседател и неговиот некогаш омилен кабелски канал за вести отиде далеку од „блага забрана“.

Во меѓувреме, ривалите на Трамп за републиканската претседателска номинација во 2024 година се чести гости на Фокс, при што Ники Хејли се појави седум пати од минатиот месец, а дури и помалку познатиот десничарски активист и претприемач Вивек Рамасвами се појави четири пати на Фокс.

Десничарскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис, кој се очекува да се кандидира против Трамп, исто така се појавува повеќекратно на мрежата.

„Семафор“ ја заснова својата приказна на информации дадени од четворица членови на тимот на Трамп.

„Сите знаат дека постои таа „мека забрана“ или „тивка забрана“. Тоа е секако, што и да сакате да кажете, мека забрана, мека забрана, што и да е – тоа е индикативно за тоа како Мардоковите се однесуваат со Трамп во овој конкретен момент“, изјави член на тимот на Трамп.

Гардијан побара од Фокс њуз да го потврди или негира постоењето на таква забрана, но веднаш не доби одговор.