Републиканецот Доналд Трамп го победи демократот Џо Бајден во Охајо, една од најважните „колебливи“ сојузни американскидржави. Прогнозата е на телевизијата Фокс њуз и на АП.
Охајо се смета за многу индикативен за изборните ставови во САД, а победникот во таа држава обично победува на претседателските избори.
Броењето на гласовите се уште не е завршено. Спред излезните анкети, Трамп доби 53,4 проценти од гласовите, а Бајден – 45,2 гласови.
Според телевизијата, Трамп победи и во Тексас и Флорида, две држави клучни за неговиот реизбор.
Сепак, претседателот загуби од ривалот Бајден во Аризона, каде победи на изборите во 2016 година. Демократскиот кандидат победи и на Хаваи.
Ниту еден друг голем американски медиум се уште не ги потврдил прогнозитена „Фокс њуз“.
Златко Шумковски