Физички нападнат вработен во казино во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вработен во казино во Куманово вчера бил физички нападнат од две лица.

Loading...

– На 22.03.2022 во 03.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(29) и Е.М.(34), двајцата од Куманово. Тие, во казино на улица „Маршал Тито“, физички нападнале вработен во казиното, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски