baked bread in basket

Фирма од Куманово казнета поради продажба на поскап леб

Сподели со своите пријатели

Една фирма од Куманово и три од Скопје добиле казна од по 300.000 денари откако Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврдил дека продаваат леб поскап од 33 денари.

Loading...

– Во контролите се направени четири записници со утврдени неправилности, изречени се парични казни од над 300 000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10.000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице, изјави Александра Котели од ДПИ.

Од страна на ДПИ извршиле 234 контроли низ државата, откако Владата во вторникот одлучи да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари за 450 грама.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезна 14-годишно девојче од Куманово

Никола Ивановски