Финска сака да крене ограда на границата со Русија

Сподели со своите пријатели

Финска планира да подигне нова ограда на делови од границата со Русија, по руската инвазија на Украина, се дознава од Владата.

Loading...

Плашејќи се дека Москва би можела да ги искористи мигрантите за политички притисок, Хелсинки во четвртокот предложи нацрт-амандман за зајакнување на оградата во некои делови на границата долга речиси 1.300 километри.

Нејзиното стапување во сила треба да биде „што е можно поскоро“

Веста доаѓа по кандидатурата на Финска за НАТО, поради што оваа нордиска земја стравува од таканаречените хибридни реакции, како што се компјутерски напади и невоени операции за дестабилизација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

„Целта на овој предлог-закон е да го подобри оперативниот капацитет на граничната служба како одговор на хибридните закани“, изјави за АФП советничката во Министерството за внатрешни работи, Ен Иханус.

„Војната во Украина поттикна итно решение на прашањето“, рече претставникот.

Во моментов Финска има дрвена ограда на границата која го спречува преминувањето на животните.

„Сега сакаме да изградиме цврста ограда што ќе делува како вистинска бариера“, рече Сана Пало, директорка на одделот за правни работи на Граничната служба.

„Оградата најверојатно нема да се протега по целата граница, но ќе ги заштити местата што ги сметаме за најважни“, рече таа.

Loading...

Во случај на наплив на мигранти, Владата ќе предложи да се отворат посебни пунктови на границата за прием на барателите на азил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти

Тие приоритетни позиции ќе бидат утврдени подоцна, како и буџетот за проектот, додаде Министерството за внатрешни работи.

Границата најмногу минува низ ретко населените места.