Финска открила помала количина на радијација

Сподели со своите пријатели

Финска открила мала количина на радиоактивни изотопи во воздухот на југоисточниот дел на земјата, но нема ризик за луѓето и таквите откритија се „нормални“, објави агенцијата за нуклеарен мониторинг на земјата.

Loading...

„Откриената радиоактивност нема никакво влијание врз животната средина или здравјето на луѓето бидејќи концентрациите се многу ниски“, објави агенцијата СТУК.

Финска, Шведска, Русија и поширокиот регион имаат бројни нуклеарни реактори.

„Помали количини циркониум и ниобиум можат да избегаат во воздухот, на пример од горивото на нуклеарната централа за време на одржувањето“, додаде STUK.

За време на собирањето примероци, воздушните струи се движеа од исток и југоисток, но изворот на зрачењето е непознат.

STUK не планира дополнително да го истражува ова откритие бидејќи е „сосема нормално“.