Финска би можела да испрати помал број германски тенкови „Леопард 2“ во Украина доколку повеќе европски земји одлучат да го сторат истото, изјави финскиот претседател Саули Ниинисто.
„Финска не може да донира многу тенкови бидејќи мора да ја заштити својата долга граница со Русија“, изјави Ниинисто за финската новинска агенција STT во четвртокот.
Претседателот дополнително ја појасни позицијата на Финска во денешната изјава за Ројтерс, посочувајќи дека во случај на заедничка европска соработка за тенкови, „ќе биде неопходно Финска да даде свој придонес“.
Киев од земјите на ЕУ бара тенкови од третата генерација „Леопард 2“, кој важи за еден од најдобрите тенкови во светот, но реакциите на европските сојузници засега се воздржани.
Германија најави дека не планира да испрати „Леопард 2“ во Украина, додека Полска рече дека би можела да ги испрати овие тенкови доколку за тоа се согласи пошироката коалиција на земји.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.