Шокантен момент кога едно лице со врзани раце излезе од кепек од автомобил во движење е снимен на камера.
На снимката се гледа како човек среде сообраќен метеж отвора гепек на бел автомобил и од него се фрла еден човек право на патот. Додека паѓал, се гледа дека рацете му се врзани.
Автомобилот чија камера го снимила инцидентот, успорел и застанал покрај човекот.
Според пишувањето на локланите медиуми во Мексико, неколку насилни инциденти се случиле во исто подрачје во последните денови и локалните власти ја засилиле безбедноста. Не е јасно дали овој инцидент се истржува.
Моментално е нејасно дали човекот успеал сам да го отвори гепекот и да избега или неговите киднапери го отвориле откако е платен откуп, како што некои коментатори претпоставуваат.