30.11.2019 12:14

Филмовите за возрасни предизвикуваат еректилна дисфункција, депресија и анксиозност!


Гледањето на порнографската содржина може да има негативен ефект врз функцијата на мозокот, придвижувајќи го во инфантилна состојба, предупредуваат истражувачите

Д-р Бар предупредува дека истражувањата покажуваат дека порнографијата може да предизвика несоодветна обработка на емоциите и импулсите, што може да доведе до компулсивно однесување и лоши одлуки.

loading...

– Звучи парадоксално, но содржините за возрасни може да ги доведат нашите мозоци во малолетничка состојба. Иронично е тоа што порнографијата ветува забава и сексуално задоволство, а ако се претера со тоа, има спротивни ефекти – напишала д-р Рејчел Ен Бар во својата студија за „The Conversation“.

Порнографската содржина отсекогаш постоела во различни форми. Но, со развојот на интернетот, порнографските филмови се лесно достапни и побарувачката за нив е огромна. На Порнхаб, во текот на 2018 година, беа прегледани 33,5 милијарди видео клипови.

– Науката штотуку започна да ги открива невролошките последици од конзумирањето порнографија. Веќе е јасно дека менталното здравје и сексуалниот живот претрпуваат катастрофални последици, од депресија до еректилна дисфункција – предупреди д-р Бар.

Д-р Бар, која студира учење и меморија, вели дека нејзиниот тим истражувачи го забележал моќното влијание на порнографските филмови врз функцијата на мрежите на невроните, што може да влијае на човековото однесување.

– На долг рок, се чини дека порнографијата предизвикува сексуална дисфункција, особено неможноста да се има ерекција или оргазам со вистински сексуален партнер. Загрозен е квалитетот на бракот, како и посветеноста кон емотивен партнер – рече д-р Бар.

Лекарот вели дека таков механизам може да се спореди со употребата на дрога. Кога некое лице користи кокаин, се излачува голема количина на допамин, хормон на „добро расположение“. Истата работа се случува и со сексуалната возбуда, затоа што прекумерната активност на невротрансмитерите задолжени за сексуално возбудување може да ги намали природните рефлекси и навики, оставајќи го телото збунето во процесот на задоволување на потребите.

– Студиите покажуваат дека промените во преносот на допамин можат да предизвикаат или влошат депресија и вознемиреност. Корисниците на порнографија имаат поголема веројатност да пријават симптоми на депресија и посиромашно ментално здравје во споредба со оние кои не ја гледаат содржината. Конзументите на порнографска содржина, исто така, честопати стануваат опсесивно-компулсивни и постојано бараат колку што е можно повеќе порнографска содржина.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments