Мајкл Џексон наводно се „венчал“ со едно од момчињата за кое е обвинет дека ги злоставувал. За тоа се зботува во новиот шокантен документарец на НВО „Leaving Neverland“ (Напуштајќи ја Недојдија). „Недојдија“ било име на суперлуксузниот ранч на кој Џексон живеел.
Џејмс Сејфчак имал 10 години кога се венчал со кралот на попот, а сега има 30 години. Церемонијата била направена во спалната соба на пејачот, а Сејфчак тврди дека и натаму има накит како доказ за своите тврдења.
Тој вели дека Џексон го наградувал со накит за сексуални услуги.
Џексон и Џејмс, сега 40-годишник, се запознале на снимање на една реклама во 1987 година.
Накитот го купувале заедно, а Џексон на продавачите им објаснувал дека го мери прстенот на прстот на момчето, затоа што неговата „свршеница“, т.е. жена за која купува накит, исто така има мали прсти, раскажал Сејфчак.