Филипини: 25 лица загинати, а 26 исчезнати во катастрофи предизвикани од дождовите

Сподели со своите пријатели

Националната агенција за катастрофи на Филипините денеска соопшти дека бројот на жртвите од лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови на Филипините за време на викендот се зголеми од 17 на 25.

Loading...

Спасувачките тимови во девет провинции во земјата продолжуваат со потрагата по 26 лица за кои се верува дека се водат како исчезнати за време на невремето, пренесува Ројтерс.

„Мисиите за пребарување и спасување продолжуваат, а најголемиот товар е на окружната стража, имајќи предвид дека повеќето од исчезнатите се рибари“, изјави Диего Агустин Маријано од агенцијата за катастрофи.

Агенцијата наведува дека се поплавени повеќе од 300 населени места и се случиле 20 свлечишта, што довело до евакуација на повеќе од 80.000 жители.

Ројтерс јавува дека покрај овие поплави и одрони предизвикани од обилните дождови, се верува дека главни причини за овие катастрофи на Филипините се тајфуните и тропските бури, од кои во текот на годината има околу 20 во областа.