Филипче: Свесни сме дека социјалната дистанца не е во природата на човекот, но тоа сега ни е најпотребно

Сподели со своите пријатели

Свесни сме дека социјалната дистанца не е во природата на човекот но тоа сега ни е најпотребно, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што вели тој, влегуваме во фаза кога се очекува бројот на нови случаи да расте и новите мерки на Владата се неопходни.

– Беше забележливо дека и досега во една фаза граѓаните не ги почитуваа мерките, а со новите имавме во предвид повеќе фактори, празниците пред нас, убавото време кое е пред нас и затоа се прелдожија сите овие мерки во смисла на дополнителна рестрикција на движењето, затоа што само социјалната дистанца ќе стави крај на патот на вирусот. Свесни сме дека социјалната дистанца не е во природата на човекот но тоа сега ни е најпотребно, во интерес на сопственото здравје, на нашите блисики, оние кои ги сакаме, но и колективно здравје, изјави Филипче.

Поврзано:

Министерот апелираше сите да се придржуваат до мерките, бидејќи само така може да се намали бројот на заразени и здравствениот систем да остане стабилен.

Никола Ивановски

Leave a Reply