Филипче: Можеме апсолутно сите пациенти во целокупниот период пред нас да ги изменаџираме со третман во ЈЗУ

Сподели со своите пријатели

Можеме апсолутно сите пациенти во целокупниот период кој е пред нас да ги изменаџираме со третман во јавно здравстените установи. Имаме конкретен план не само за скопските инфективни одделенија, туку и за сите болнички инфективни одделенија во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

-Приватните болници уште на почетокот на кризата можат да хоспитализираат заболени од Ковид-19 само доколку за време на лекувањето на пациенти кои редовно ги лекуваат им се констатира присуство на коронавирусот и тоа во одделенија за интензивна нега. Тоа беше тогаш дозволено за да може да се менаџира, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на производствениот капацитет на првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“.

Рената Пепељугоска


Leave a Reply