Филипче: Институтот Торлак ќе биде наш стратешки партнер на набавка на вакцини во периодот кој е пред нас

Сподели со своите пријатели

На денешната средба на министерот за здравство д-р Венко Филипче со српскиот министер за здравство Лончар се разгледуваа повеќе прашања поврзани со пандемијата, како и взаемната соработка помеѓу двете држави при процесот на надминување на коронавирусот во двете земји. Министрите на прес-конференцијата која се одржа во Белград во изјавите за медиуми потенцираа дека размената на информации и искуства поврзани со актуелната состојба е од голема помош и се случува многу често на неделно и месечно ниво.

Loading...

-Ние се состануваме почесто и сметаме дека овие средби се неопходни за да размениме искуства и информации. Како што знаете коронавирусот не знае за граници, соодветно на тоа мораме и да се однесуваме. Ја анализиравме денеска ситуацијата и мерките кај нас и кај другите, една од најбитните теми секако беше вакцинацијата кај нас и кај вас и секако како таа да се забрза, да се вакцинираат што поголем број луѓе како и тоа што да се прави со останатите пациенти кои секако не се малку. Во секој случај продолжуваме понатаму со нашата соработка, тоа го правевме и со сега, ќе продолжиме и понатаму. – изјави спрскиот министер Лончар.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче кој во својата изјава за медиумите се обрати и до граѓаните на Србија и упати благодарност за целокупниот процес во кој досега во неколку наврати го организираше соседна Србија при донациите кои ги добивме како и при организацијата за вакцинација на голем број македонски граѓани во нивната држава.

-Благодарност во име на граѓаните на Северна Македонија до братскиот српски народ за значајната донација на вакцини, процес кој е организиран благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ. Благодарение на тие вакцини ние го започнавме процесот на имунизација и сега се вакцинирани сите здравствени работници кои работат во ковид центрите, понатаму дел од вработените во полиција, војска, судовите итн. Дозволете да изразам благодарност на тоа што Србија ширум ни ги отвори вратите да бидат вакцинирани и нашите граѓани заедно со српските граѓани овде во Србија и со тоа направи еден огромен чин на пријателство посебно во временски перод кога никаде во светот вакцините не стигнуваат со потребна и пожелна брзина а тој процес Србија навистина го реши феноменално. – кажа министерот Филипче.

Конкретно во денешниот состанок во кој за повеќе теми се разменија искуства помеѓу министрите, донесена е одлука да Институтот Торлак биде стратешки партнер на државата при идните набавки на вакцини и во периодот кој следува. Очекувајќи и надевајќи се дека пандемијата ќе стивне, искуството досега покажа дека овој вирус е непредвидлив и со сите препреки со кои се соочивме при набавката на вакцини, оваа одлука ќе биде значајна поддршка за нашата држава. Во знак на благодарност, српските граѓани во сезоната која следува ќе бидат ослободени од плаќања на патарини при патувањата кои ги планираат во и преку нашата држава во периодот од 15 јуни до 15 август.

Ние имавме одличен состанок, разговаравме на повеќе теми, секако дека беше вакцинацијата приоритет во нашите разговори, договоривме соработка во повеќе теми и она што е многу битно за нас е тоа што го договоривме да Институтот Торлак биде наш стратешки партнер што се однесува на набавка на вакцините во периодот кој е пред нас. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да запре, многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане сезонска. Со ваквото партнерство обезбедуваме долгорочна соработка и стабилен извор на вакцини. Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас. Заради овој пријателски гест, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да сите српски граѓани бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август тоа е оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Северна Македонија и према Грција. – изјави министерот Филипче.

Leave a Reply