„Несомнено е дека имаме втор бран кој е резултат на непочитување на марките за собири и групирање“, рече денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Како што посочи тој, 90 отсто од новите случаи потекнуваат од 15 семејства и истите се без симптоми.
– Продолжува тестирањето на сите контакти на заболените во кризините општини, од денес до вчера таргетирано се тестираше и кластерската анализа на нови случаи покажува дека околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи. Болеста се шири тесно во рамките на овие кластери има и нови спорадични случаи кои не може да се повржат со овие семејства, што е доказ дека вирусот постои и не значи дека го нема и надвор, изјави Филипче.
Зголемиот број, според Филипче, е очекуван поради начинот на применетото тестирање во изминатите денови.
– Вирулентноста слабее, анализата на симптимите пкажува дека има огромен број на случаи кои се асимптоматски и со лесни симптоми близу 90 отсто, но ова воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен, сведоци сме дека и сега има пациенти со тешка клиничка слика, факт е дека граѓаните треба да внимаваат и да ги почитуваат мерките, пред се хронично болните, изјави министерот.
Никола Ивановски