Филипче: Денеска започнува пријавувањето за вакцинирање на децата

Сподели со своите пријатели

Од денеска до четврток, ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата. Секој родител или стрател кој сака да се векцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добијат термин за вакцинација. Вакцинирањето ќе почне во петок.

Loading...

Во однос на вакцинација на децата ќе треба да се закажуваат термини и тоа ќе биде веќе на сајтот vakcinacija.mk почнувајќи од денеска до четврток и после тоа ќе се поделат термините за вакцинирање на децата. Родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и од петок ќе започне апликацијата на вакцините.

Закажување на термин за вакцинација на децата е поради планирање на потребните количини вакцини Фајзер. Една вијала со која може да се вакцинираат шест лица, откако ќе се раствори истата во одредено време треба да се потроши. Со закажување термини и утврден точен број на вакцини, ќе се исклучи можноста да се фрлаат вакцини – рече министерот.

Leave a Reply