Филип: Идејата за европска одбрана не смее да остане само на зборови

Сподели со своите пријатели

Земјите членки на ЕУ треба да преземат посериозни чекори на оперативно ниво, со цел идејата за заедничка европска одбрана да не остане само на зборови, изјави денеска во Минхен францускиот премиер Едуар Филип.

– Да си признаеме отворено. Ако идејата за одбрана на Европа не биде проселдена со поголем оператиевн ангажман на земјите членки, таа уште долго ќе остане само на зборови, изјави Филип во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Тој нагласи дека француските војници се „ангажирани на многу фронтови, каде што често плаќаат и со својата крв“.

– Ако Европа не се заинтересира за војната, војната нема да пропушти да се заинтересира за Европа, порача Филип.

Тој потсети дека францускиот претседател Емануел Макрон предложи европска иницијатива за формирање сили за брза интервенција преку поврзување на активностите на армиите на држвите што се заинтересирани за тоа.

– Да ги поврземе и со тоа на почетокот на следната деценија, Европа да има заедничка сили за интервенција, заеднички буџет за одбраната и заедничка доктрина, рече Филип.

Вчера со повик за заедничка европска војска се огласија и министерските за одбрана на Германија и Франција, Урусла ван дер Лејен и Флоранс Парли, кои порачаа дека одбраната на Европа не смее да зависи од САД.

– Сакаме да работиме на армија на Европа. На Европејците им треба Европа што ќе ги штити своите граѓани, нагласи Ван дер Лејен во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Парли пак на Форумот нагласи дека сојузот со САД, особено во НАТО, нема цена, но дека дошло време за јакнење на Европа. – Европа не е луксуз, туку должност. Но, ја оставивме на бирократите и тиранијата на консензусот. Време е за будење, мора да го оживееме тој убав збор – Европа, потенцираше таа.

Според Парли, успехот на европската одбрана не лежи во институциите, туку во нејзините конкретни мисии. – ЕУ мора да биде способна да интервенира без да ги вика на помош САД, нагласи француската министерка. 

ЕУ уште лани ги постави темелите на Европска одбранбена унија, која, според предлозите на Германија и Франција, со текот на времето треба да резултира со создавање на заедничка армија на ЕУ, способна за одбрана на европските граници и учество во меѓународни мисии./МИА

Leave a Reply