Фијала: Санкциите против Русија делуваат, на ред е Белорусија

Сподели со своите пријатели

Чешкиот премиер Петр Фијала апелираше во Прага по враќањето од Киев дека е неопходно Русија уште повеќе да се изолира со санкции, а во линија за санкции е и Белорусија која индиректно и помага на Русија во војната во Украина.

Loading...

„Разговаравме за ефективноста на санкциите со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Убедени сме дека е неопходно Русија да се турка во поголема и поголема изолација. Беа усвоени осум пакети. Знаеме дека овие санкции функционираат, многу податоци го покажуваат тоа. Дебатата за санкциите во Европската унија не е завршена, подготвени сме за понатамошни чекори кон развојот на ситуацијата“, рече Фијала.

Премиерот на Чешка, која претседава со ЕУ до крајот на оваа година, на прес-конференција рече дека сега се разгледува улогата на Белорусија во конфликтот и дали е неопходно да се заострат санкциите и против таа земја.

„Белорусија не може да ја следи руската политика или Русија да избегнува санкции преку земји како Белорусија“, рече Фијала, а чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски додаде дека руските напади врз Украина доаѓаат и од територијата на Белорусија, која исто така ја снабдува Русија со оружје.

Чешкиот премиер ја критикуваше и Русија дека не го почитува договорот за извоз на жито од Украина.

„Мораме да најдеме начин да го обновиме тој пат со помош на земјите учеснички во договорот, односно Украина и Турција. Чешка ќе ги поддржи на секој начин за да се обнови овој важен пат, бидејќи не можеме да си го дозволиме луксузот на дестабилизација, на пример во Африка, поради недостаток на храна“, рече Фјала.

Чешкиот премиер потсети дека во понеделникот, кога пристигна во Киев со неколку министри за консултации меѓу чешката и украинската влада, рускиот претседател Владимир Путин им приреди „добредојде“ на чешките министри со 55 ракетни напади.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан вети дека украинските бегалци кои добиле привремено засолниште и оттогаш се вратиле во својата татковина можат да се вратат во ЕУ.

Loading...

„Русија ја напаѓа инфраструктурата, што може да резултира со нов бран бегалци кон Европа. Во Чешка издадовме 457.000 дозволи за привремен престој кои автоматски ќе бидат продолжени за една година“, рече Ракушан.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова за време на посетата на Киев разговараше со украинската страна како најефективно да се вклучи Чешка во обуката на украинските војници, најверојатно преку тринеделни или месечни курсеви, а се зборуваше и за компании кои би се занимавал со ремонт на украинското оружје и воена опрема.

Премиерот Фијала рече дека неговата посета на Киев заедно со седум министри е организирана за да ги увери украинските власти и Украинците дека Чешката Република и другите земји ќе продолжат да им пружаат воена и хуманитарна помош.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.