Фигаро: Западот го прекршува меѓународното право, а вреска кога тоа го прават другите

Сподели со своите пријатели

Западните земји кои беа единствените кои воведоа санкции кон Русија, поради стратешкиот пресврт што ја предизвика војната во Украина, почнуваат да сфаќаат дека нивните морални лекции повеќе не ги слуша поголемиот дел од населението на планетата, пишува парискиот весник Фигаро.

„Западот, тој голем блок на индустријализирани либерални демократии (Северна Америка, Европа, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија), беше единствениот што воведе санкции кон Русија, за да ја казни за војната што ја води против Украина од 24 февруари.

Дали тоа значи дека земјите од Африка, Азија и Латинска Америка ја одобруваат инвазијата на Украина? Не.

Затоа што тие се многу приврзани кон Повелбата на ОН, која е посветена на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите нејзини членки“, пишува Фигаро.

Францускиот весник наведува дека „незападните земји“, чии водачи многумина биле обучени во поранешниот Советски Сојуз, зазеле неутрална позиција во она што го гледаат како семејна расправија.

Дополнително, овие земји негодуваат за моралните лекции што ги добиваат од Западот, сметајќи ги тие лекции лицемерни и со порака „Прави како што кажувам јас, а не како што правам јас“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија лансираше 40 ракети и 580 дронови кон Украина, три лица загинаа

Од 2014 година Русија почна, прво тајно, а потоа и отворено, воено да ги поддржува проруските сепаратисти на истокот на Украина, со цел да го отцепи тој дел од територијата.

„Западните проповедници извикуваа дека тоа е неприфатливо мешање. Меѓутоа, незападните земји прашаа – нели го направивте истото кога ја бомбардиравте Србија во пролетта 1999 година, за да предизвикате отцепување на косовските Албанци“, се вели во текстот на новинарот на Фигаро, Рено Жирар, експерт за состојбите на Балканот.

Весникот понатаму пишува дека рускиот претседател Владимир Путин ја оправда агресијата со изјавата дека во Украина постои „нацистичка влада, што е лага“.

Западот веднаш го осуди „лажгото“ од Москва.

Западот – принцот на двојните стандарди

Другите земји набрзо го потсетија Западот на англо-саксонските лаги за „оружјата за масовно уништување“ што наводно ги поседува Ирак и кои ја оправдаа инвазијата на Ирак во 2003 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија ја нападна западна Украина, Полска испрати авиони

Западот потоа ги осуди Русите за нивната извонредна суровост и бесчувствителност кон цивилите за заземањето на украинскиот град Мариупол.

Незападните земји тогаш тивко возвратија – зарем западните авиони не го направија истото во 2017 година кога го освоија Мосул во Ирак.

„Накратко, Африканците, Азијците и Јужноамериканците сметаат дека Западот е принц на двојни стандарди. Западот е среќен што го прекршува меѓународното право кога му одговара (како во Косово во 1999 година, во Ирак во 2003 година, во Либија во 2011 година), но вреска кога другите го прават тоа“, пишува парискиот весник.

Моралните лекции не се неразбирливи. Природно е што Западот сака да ги шири вредностите што ги негува. Овој психолошки механизам веќе функционираше во претходните векови, кога колонијалните сили се обидоа да го шират христијанството во Америка, Азија и Африка.

Меѓутоа, сегашниот „морализам“ за жал е контрапродуктивен во современите меѓународни односи. Затоа што првата сила што обединува еден народ е неговата гордост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе плаќаме за одбрана

Денеска не постои нација во светот која е подготвена да добие лекции од странство, додава весникот.

Европската комисија – шампион на санкции

Освен тоа, моралната лекција е застарена дипломатска алатка во дигиталната ера. Ако денешната иранска младина тежнее кон западниот начин на живот, тоа е затоа што тие биле запознаени со него преку интернет.

Европската комисија стана шампион на санкции од март 2022 година.

Веќе не беше потребно да се тргува со Русите, за да не се финансира нивната војна. Но, кога Русите решија да ја затворат славината за гас, тогаш Европската комисија почна да споменува уцена, што е детски морализам.

„Единственото нешто што требаше да се направи е мирно да се складираат резервите на енергија, заедно со тајната испорака на воена опрема во Украина, со цел да се воспостави рамнотежа на силите на источните граници на Европа“, додаде Фигаро.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.