ФИБА Еврокуп: Роса Радом го надигра КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот кошаркарски клуб на гостувањето во Полска, го загуби мечот со Роса Радом со резултат  84:75 (23:14, 25:18, 14:24, 22:19) одржан во рамките на натпреварите од Ј групата на ФИБА Еврокуп. Ова е втор пораз за кумановчани, откако на гостински терен го загубија мечот со Турк Телеком од Анкара.

Loading...

Домаќините клучната разлика ја направија во првото полувреме кога македонскиот вицешампион прикажа слаба игра. По првите 20 минути Роса Радом имаше предност од 16 поени 48:32. На стартот на второто полувреме Куманово започна да го намалува убедливото водство на противникот , но на крајот сепак немаше сили за конечен пресврт, пишуваат спортските веб портали.

Најистакнати кошаркари во редовите на Куманово беа Урош Луковиќ со 27 поени и 12 скока и капитенот Александар Костоски со 16 коша и девет асистенции.

КК Куманово следната среда го пречекува Турк Телеком.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.