ФИБА Еурокуп: Турските кошаркари посилни од КК Куманово

Сподели со своите пријатели

На првиот настап во рамките на премиерниот дуел од Групата Ј во ФИБА Еврокупот што се одржа вчера, кошаркарите на Куманово претрпеа пораз од домаќинот Турк Телеком, со резултат 93:71.

Loading...

Македонскиот единствен претставник на меѓународната кошаркарска сцена одигра одлични и израмнети три четвртини во Анкара, со пресрврт во последните десет минути кога КК Куманово забележа негатива од шест поени, останувајќи немоќен пред турскиот тим.

Александар Костоски забележа 17 поени, додека Урош Луковиќ и Димитар Караџоски по 11. Кај Турк Телеком, Савовиќ постигна 22 коша.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.