Фестивалите „Art Attack“ и „Гитаријада“ во петок и сабота во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два фестивали ќе се одржат овој викенд во Куманово, „Art Attack“ во петок и „Гитаријада“ во сабота и двата со почеток во 19 часот на паркингот пред Градскиот базен.

Loading...

Фестивалите годинава ќе се одржат под малку несекојдневни услови поради пандемијата и рестрикциите, па затоа треба и да го резервирате вашето присуство.

– Иако Влезот е слободен сакаме да напоменеме дека посетеноста за двата вечери е во строго ограничен број и  преку резервации на телефон 078449090, информираат организаторите.

Настаните ќе бидат под строгите протоколи за заштита од Ковид19, што значи дека на сите посетители ќе им биде измерена температура на влезот, ќе следува дезинфекција на рацете, по што ќе се заземе позиција со соодветна оддалеченост од останатите посетители и групи.

– Да се биде претпазлив е просто и лесно. А, во 2020, совесноста е и крајно модерна, велат организаторите.

На фестивалот „Art Attack“ кој ќе се одржи во петок ќе настапат: „ПМГ Колектив“, „Енигма“, „Sethstat“, Дадо К и Мамли, а свој перформанс ќе има и Денс студио „Ултра“.

Покрај музичката програма фестивалот ќе понуди изложба на повеќе уметници: Стефан Анчевски, Далибор Тренчевски, Часлав Марковиќ, Марјан Јаневски, Ана Јовановска, Мирослав Величковски, Кристина Божурска, Игор Калц и Ангел Миов.

Веќе во сабота со почеток во 19 часот ќе започне фестивалот „Гитаријада“ на кој ќе настапат „Корпус“, „Муње и громови“, „Рубин Лектира“, „Мизантроп“ и кумановски рок ветерани.

Loading...

Коорганизатор на настанот е Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply