Феномен кој досега не е виден: Нептун ги збуни научниците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Темна бура широка 7.400 километри на ледената планета Нептун ги збуни астрономите по промената на правецот, феномен кој досега е невиден.

Loading...

Бурните вртлози како темната точка на Нептун не е невообичаена работа, но никој претходно не бил сведок дека некој се вратил кон половите откако се движел кон екваторот.

Користејќи слики од вселенскиот телескоп Хабл, астрономите рекоа дека промената на правецот е изненадувачка.

Бурата е поширока од Атлантскиот океан на Земјата, а „Хабл“ за прв пат ја откри темната бура во 2018 година на северната хемисфера на Нептун.

Една година подоцна, новите набљудувања покажаа дека истата бура се движеше кон екваторот, а компјутерските симулации сугерираат дека кога ќе се приближи до „екваторијалната зона на смртта“, таа ќе биде уништена.

Сепак, најновите согледувања од август 2020 година покажуваат дека очигледно се движи кон север, кон поларниот регион, што е феномен што ги збуни астрономите.

Се претпоставува дека ова можело да биде предизвикано од избувнување на мало невреме, што „Хабл“ го забележа и во август.

Овие „темни вртлози“ се системи под висок притисок кои можат да се формираат на средна ширина и кои на крајот би можеле да мигрираат на екваторот каде што се распаѓаат.

Loading...

– Беше навистина возбудливо да се види овој процес на кој се чини дека му дојде крајот, а потоа одеднаш едноставно застанува и се движи во спротивна насока. Тоа беше изненадувачки – рече научникот Мајкл Вонг.

Точната причина за преживувањето на темната бура не е позната, но Вонг верува дека може да биде поврзана со помала темна бура што се гледа на сликите.

„Кога првпат ја видов малата бура, помислив дека е вознемирена поголемата“, напиша Вонг во текст за НАСА.

– Не мислев дека се создава втор вртлог бидејќи е мал подалеку кон екваторот. Значи, се наоѓа во овој нестабилен регион. Но, не можеме да докажеме дека тие се поврзани. Останува целосна мистерија – додаде тој.

Астрономите планираат подетално да го проучат овој феномен, пренесува Daily Mail.

Војаџер 2, вселенски брод што сега е надвор од Сончевиот систем, забележал и две темни бури во 1989 година.

 

Loading...

Leave a Reply