Топлото време на западот на Грција доведе до несекојдневен спектакл, 300 метри долга пајакова мрежа осамна во гратчето Етолико.
Огромниот простор преполн со зеленило е прекриен со пајакова мрежа, пишува Дејли елас, а пренесува ВВС. Експетите наведуваат дека е во прашање сезонски феномен за кој се заслужни пајаците „тетрагнатха“ кои можат да направат огромни гнезда за парење.
Loading...
Се смета дека зголемениот број на популацијата на комарци е виновен и за зголемениот број на пајаци. Локалните експерти наведуваат дека високите температури, доволната влага и храна создале идеални услови овој вид да се размножува.
Според Марија Чазаки, професорка по молекуларна биологија и генетика, делува како пајаците да прават некој вид забава. Се парат, размножуваат и развиваат цела нова генерација.
– Овие пајаци не се опасни по луѓето и не можат да предизвикаат никаква штета по локалниот фактор. Тие ќе ја држат својата забава и наскоро ќе угинат, вели таа.