Наезда од отровни видови пајаци во Европа

Сподели со своите пријатели

Со доаѓањето на постудено време, пајаците бараат свои засолништа во европските домови, а нивниот број поради зајакнување на светското стопанство забрзано ќе расте, се наведува во студијата на Универзитетот во берн.

Истражувачите од Институтот за зоологија истануваат дека на секои две години во Европа пристнува нов вид пајаци, а таа динамика наскоро би можела да се промени, така да со новите видови ќе се среќаваме секоја година.

Во студијата се наведува дека „увезените видови“ често се поголеми од автохтоните, што пред се се однесува на оние кои доаѓаат од Азија.

– Еволуцијата на климата во Европа прави животните услови се повеќе да одговараат на суптропските видови пајаци, поради што постои опасност од доаѓање на отровните видови, предупредува професорот по зоологија Волфанг Нентвиг.

Тој додал дека од една страна е добро да се имаат овие пајаци кои ловат разни видови инсекти и нивниот отров ќе се користи во фармацијата, но дека не е пријатно да се набљудува како освојуваат скриени места во нашите домови.

Расте и стравот од пајаци или арахногобија, која важи за една од најзачестените човечки фобии. Истражувањата покажале дека околу 15% од луеѓто се престрашуваат од овие животни.

Од друга страна, пајаците не се плашат од луѓето, а како поголемиот дел од ладнокрвните животни, ги привлекуваат топлите домови на луѓето.