Фенербахче го најави враќањето на Гудуриќ

Сподели со своите пријатели

Поранешниот европски кошаркарски шампион, Фенербахче на својата официјална веб-страница објави враќање во тимот на Марко Гудуриќ.

Loading...

Договорот со 25-годишниот кошаркар е со важност до крајот на сезоната 2022/23.

Гудуриќ играше за Фенербахче од 2017 до 2019 година, по што се пресели во Мемфис. Србинот имаше просек од 3,9 поени, 1,7 скока и 1,0 асистенција по натпревар на 44 натпревари од своето деби во НБА-сезоната-2019/20.

Во паузата од сезоната 2020 година „Гризлис“ го отпуштија Гудуриќ.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *