Фејсбук затвори група на приврзаници на Доналд Трамп кои повикуваа на „крај на пребројувањето гласови“ и спречување на демократите да „крадат гласови“ додека продолжува пребројувањето на гласовите во останатите држави што ќе одлучуваат за победникот на претседателските избори во САД.
Групата „Стоп за кражбата“ вчера веќе имаше над 350.000 членови пред гигантот да посредува преку социјалните мрежи.
„Групата е формирана за да го делегитимира изборниот процес и видовме загрижувачки повици од некои членови на групата за насилство“, изјави портпарол на компанијата од Калифорнија.
Твитер сокри речиси половина од пораките на републиканскиот милијардер по изборната вечер во вторникот со назнака дека предизвикуваат „заблуда“.
Златко Шумковски