Фејсбук забранува секакви содржини што го негираат Холокаустот

Сподели со своите пријатели

Фејсбук ќе забрани секакви содржини што го негираат Холокаустот, објави денеска социјалната мрежа

Loading...

За оваа тема изјава даде и основачот на Фејсбук, Марк Цукербер, порачувајќи дека тоа е доволно сериозна промена на политиката на социјалната мрежа. 

-Ние уште одамна ги бришиме статусите во кои се воспеваат злосторства на почва на омраза или масовните убиства, вклучувајќи го Холокаустот. Но со подемот на антисемитизмот, ние ја рашируваме политиката и забрануваме содржини кои го негираат Холокаустот или извртената информација за него, напиша Цукерберг. 

-Ме измачуваа противречјата меѓу неопходноста да се поддрже слободата на говорот и штетите предизвикан од намалувањето или негирањето на ужасите на Холокаустот. 

Фејсбук, како и другите социјални мрежи, блокира разноразни содржини поради низа причини, но е против цензура. Цукерберг претходно изјави дека Фејсбук ги менува правилата за блокирање и не дозволува тие да бидат форма на цензура, а само начин да се отстрани шетниот контент. Тој потоа го критикуваше Твитер кој некои твитови на претседателот на САД, Доналд Трамп, ги одбележува дека им е потребна проверка. 

Борис Камчев, САД

Leave a Reply