Фејсбук за три месеци избриша 1,3 милијарди профили

Сподели со своите пријатели

Оваа недела, Фејсбук објави еден од своите полугодишни извештаи во кој се наведува колку лажни профили се отстранети од мрежата.

Loading...

И овој пат, бројката е навистина зачудувачка – само во периодот од октомври до декември 2020 година отстранети се 1,3 милијарди лажни профили.

Компанијата вели дека блокира лажни профили на дневна основа, најмногу штом се регистрираат.

Во извештајот се вели дека Фејсбук презема мерки против „измаменото однесување“.

„Откривме дека еден од најдобрите начини за борба против ова однесување е нарушување на структурата на економските стимулации што стојат зад тоа“, се вели во извештајот.

Во текот на изминатата година, компанијата создаде тимови и системи за откривање и борба против ширењето на опасни дезинформации.

Таа го бранеше сопствениот модел на монетизација, со цел да ги одврати измамниците од идејата дека платформата може да се искористи за да профитира од лажна содржина.

„И покрај сите овие напори, има и такви кои веруваат дека имаме финансиски интерес да ги затвориме очите пред дезинформации. Тоа е токму спротивното “, рече Гај Росен, потпретседател на компанијата.

Loading...

Тој рече дека примената на мерките против злоупотребата на социјалната мрежа никогаш нема да биде совршена, но дека тие постојано се подобруваат.

Leave a Reply