Фејсбук вложил над 13 милијарди долари во безбедносни мерки изминатите години

Сподели со своите пријатели

Фејсбук во вторникот објави дека инвестирал повеќе од 13 милијарди долари во безбедносни мерки од 2016 година, неколку дена откако Волстрит Журнал објави дека компанијата не успеала да ги поправи „штетните ефекти на платформата“, пишува Хина.

Loading...

Гигантот меѓу социјалните мрежи рече дека сега има 40.000 луѓе кои работат на безбедност, наспроти 10.000 пред пет години.

 

 

Фејсбук ги минимизираше негативните ефекти на својата апликација Инстаграм врз младите корисници и реагираше лошо на предупредувањата на вработените за начинот на кој платформата ја користат трговците со луѓе во земјите во развој, објави Волстрит Журнал минатата недела, повикувајќи се на стручен преглед на внатрешните документи на компанијата.

„Во минатото, ние не започнавме да се справуваме со безбедносните предизвици доволно рано во процесот на развој на производи“, напиша компанијата во пост на блогот, додавајќи дека тие фундаментално го сменија тој пристап.

Фејсбук објави дека неговата технологија за вештачка интелигенција помогнала да се блокираат три милијарди лажни профили во првата половина од оваа година. Компанијата исто така отстрани повеќе од 20 милиони текстови со лажна содржина за „Ковид-19“ и вакцините.

Loading...

 

 

Компанијата соопшти дека сега отстранува 15 пати повеќе содржини што ги прекршуваат нејзините стандарди за говор на омраза на Фејсбук и нејзината платформа за споделување фотографии на Инстаграм отколку кога започнаа да ја објавуваат во 2017 година.