Фејсбук вчера загуби 230 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Цените на акциите на Facebook (Meta) вчера паднаа за 25 отсто.

Loading...

Ова се случи откако компанијата пријави пад на бројот на корисници за прв пат во својата историја.

До крајот на денот, компанијата загуби 230 милијарди долари во пазарна вредност.

 

Марк Цукерберг изгубил 29 милијарди долари за само еден ден

 

Тоа е најголемата еднодневна загуба на една американска компанија.

Минатата година компанијата беше сериозно погодена од промените на Apple во областа на заштитата на приватноста.

Loading...

„Мета ќе изгуби повеќе од 10 милијарди долари како резултат на новите правила на iOS кои го ограничуваат следењето на клиентите“, изјави финансискиот директор на Facebook, Дејвид Ванер, за Wall Street Journal.

Сепак, Facebook и понатаму е исклучително профитабилен. Компанијата сè уште вреди 671 милијарда долари и објави повеќе од 40 милијарди долари профит во 2021 година, пренесува Verge.

 

Фејсбук го забележа првиот пад на бројот на корисници

 

Компанијата се бори со намалената релевантност кај младите луѓе, а извршниот директор Марк Закерберг се фокусира на инвестирање во идејата за Metaverse.

Закерберг ја опиша инвестицијата во нивната компанија „Reality Labs“, која се занимава со AR и VR технологии, како „следна голема работа“.