Експерти од Фејсбук спровеле истрага, но не октирле зачестени реклами поврзани со Русија на социјалните мрежи за време на референдумот за Брегзит, изјавил претставникот на британското одделение на компанијата Сајмон Милнер во писмото до пратеникот на Парламентот на Велика Британија, Дамијан Колинс.
– Истражувачкиот тим не пронашол дополнителни и координирани врски на профили или страници со Русија кои плаќале реклами за Велика Британија во рамките на референдумот за ЕУ за време на посочениот период. Пронајдени се минимални активности за кои претходно соопштивме, се наведува во писмото на Милнер.
Колинс навел дека пратениците од компанијата побарале дополнителни објаснувања.
Претходно директорката на Јутјуб за врските со државните структури Џунипер Даунс соопштила дека компанијата не открила докази кои посочуваат на било каква вмешаност на Русија во референдусмкиот процес за излегување на Британија од ЕУ.
Комитетот на Парламентот на Велика Британија за дигитални технологии уште пред година дена објави дека планира да спровед еистрага за дезинформациите кои стануваат се поголем проблем ширум светот. Во рамките на широката истрага пратениците планирале да анализираат прашања за навподно мешање на Русија во референдумите за „Брегзит“ од 2016. година, без оглед на тоа што претставниците од Велика Британија соопштиле дека немаат никакви потврди за таква вмешаност.