Фејсбук му порача на Бајден: Помагаме во спасување човечки животи

Сподели со своите пријатели

По обвинувањата на Белата куќа и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, дека „големите оператори на социјални мрежи на кои се шири дезинформација за вакцините, убиваат луѓе“, се огласи и Фејсбук.

Loading...

„Нема да ни пречат обвинувањата што не се докажани“, изјави за ABC News портпаролот на Фејсбук, Дани Левер.

– Факт е дека повеќе од 2 милијарди луѓе ги погледнаа релевантните информации за COVID-19 и вакцините на Фејсбук, што е повеќе од каде било на интернет. Повеќе од 3,3 милиони Американци исто така ја користеа нашата алатка за наоѓање вакцини за да откријат каде и како да ја набават вакцината. Фактите покажуваат дека Фејсбук помага да се спасат животи – се вели во изјавата на Левер.

САД во моментов се соочуваат со зголемување на бројот на нови инфекции со коронавирус.

Администрацијата на Бајден ги удвои напорите да вакцинира повеќе луѓе, особено откако земјата ја промаши целта на претседателот да добие 70 проценти од возрасните барем една доза до 4 јули, што се одбележува како Ден на независноста во земјата.

„Едноставно кажано, здравствената дезинформација нè чинеше живот“, рече во четвртокот Марти од Белата куќа.

Претседателот Бајден рече дека Фејсбук убива луѓе, заострувајќи го на тој начин тонот кон големите дигитални компании како што е Фејсбук.

Leave a Reply