Фејсбук конечно ќе ја воведе долгоочекуваната опција “Не ми се допаѓа”

Сподели со своите пријатели

Колку пати досега сте си помислиле колку би било добро на Фејсбук да постои копче “не ми се допаѓа”?

Loading...

Епа, дојде и тоа време кога желбите ќе бидат исполнети, откако Марк Цукерберг најави дека компанијата работи на воведување на таква опција.

На средбата за Q&A (одговори и прашања) одржана во седиштетото на компанијата во Менло Парк, Калифорнија, 31-годишниот претприемач рекол дека копчето ќе биде добар начин за луѓето да изразат сочувство.

Цукерберг најави дека компанијата Фејсбук е многу блиску до воведување на таква опција, и дека моментално се тестира на неколку корисници.

Копчето “Dislike”   е константно барано од корисниците од времето кога во 2009 почна да се користи опцијата “like”, или ми се допаѓа, преведено на македонски јазик.

„Луѓето го бараат ова копче многу години“, рекол Цукерберг за публиката во вторникот.

Веројатно стотици луѓе го побараа ова, а денес е посебен ден бидејќи денес е денот кога прв пат кажуваме дека всушност работиме на тоа, и сме многу блиску до негова употреба“.

Loading...

Сепак, сопственикот на Фејсбук истакнал дека не сака тоа да биде механизам со кој корисниците ќе даваат негативна оценка на објавите кои не им се допаѓаат.

Наместо тоа, опцијата ќе биде користена во ситуации кога кликањето “like” на некои објави е бесчувствително.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.