Фејсбук ја укинува опцијата по која беше препознатлив

Сподели со своите пријатели

Фејсбук ја елиминира можноста за „лајкување“ на редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави компанијата.

Loading...

Во иднина, ваквите страници на Фејсбук ќе покажуваат само следбеници и ќе имаат посветен дел со новости каде што корисниците ќе можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со други корисници и да стапат во контакт со фановите, објави агенцијата Ројтерс пренесувајќи ја објавата на блогот на компанијата Фејсбук.

– Отстрануваме лајкови и се фокусираме на следбениците со цел да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници – објави Фејсбук за редизајнот на јавни страници.

Leave a Reply