Федерален американски судија бара од Поштенската служба вонредни мерки за испорака на гласачки ливчиња

Сподели со своите пријатели

Федерален судија на САД и нареди на американската Поштенска служба (УСПС) да воведе „вонредни мерки“ за да се обезбеди навремена испорака на милиони ливчиња врз основа на остварување на правата за предвремено гласање пред претседателските избори на 3 ноември.

Loading...

Судијата Еммет Саливан рече дека наредил да се преземат активности на места каде поштенската обработка на завршените гласачки ливчиња е под 90 проценти најмалку два дена, од 26-28 октомври. Тој список, меѓу другите, ги вклучува и Алабама, Аљаска, Атланта, Централна Пенсилванија, Колорадо, Вајоминг, Детроит, Форт Ворт, Тексас; Индијана; Јужна Каролина; Луизијана; дел од Мисисипи; северна Нова Англија и Оклахома.

Главниот државен обвинител на Вашингтон, Боб Фергусон, нареди расправа за посебен случај во Поштенската служба, откако податоците покажаа „постојано слабо испраќање на гласачките ливчиња во некои региони“. Така,  испораката на гласачките ливчиња во округот Детроит, Мичиген, падна на 57 проценти, додека обработката и испраќањето на национално ниво беше 93 проценти или повисока.

Поштенската служба вчера соопшти дека презема голем број дополнителни мерки за доставување на гласачки ливчиња.

Досега, рекордни 85 милиони Американци ги пополнија своите гласачки ливчиња пред претседателските избори.

Златко Шумковски

Leave a Reply