ФБИ предупредува за „романтични измами“ преку интернет

Сподели со своите пријатели

ФБИ објави дека во првата половина од оваа година, Центарот за жалби на интернет криминал на ФБИ примил повеќе од 1.800 извештаи поврзани со т.н. „романтични измами“, во кои жртвите биле водени да испраќаат пари или криптовалути на други лица.

Loading...

Измамниците воспоставиле првични контакти преку апликации за состанување или преку социјални мрежи.

 

 

Користејќи различни техники, тие успеале да ја добијат довербата на своите жртви, на кои подоцна им ја продале приказната за да имаат информации за инвестиции што можат да доведат до голем профит. Измамниците би ги упатиле жртвите на лажни веб – страници за инвестиции.

Откако жртвата ќе ја плати почетната сума, измамниците му овозможувале да оствари профит и да собере дел од парите, со што добивале уште поголема доверба. По првата „заработка“, тие ги убедуваат жртвите да инвестираат поголеми суми пари или криптовалути, истакнувајќи дека „сега е вистинското време за тоа“. Ако жртвите повторно ги платат парите, никогаш повеќе нема да ги видат.

Покрај тоа, измамниците повлекувале дополнителни сума на  пари, бидејќи навеле дека е неопходно да платат одредени такси или провизии на платформата. Исто така, била организирана „техничка поддршка“, онлајн групи во кои се дискутирало за можностите за заработка, но доколку жртвата остане без пари, се ќе исчезне од мрежата преку ноќ.

Loading...

ФБИ наведува дека годинава на тој начин биле украдени дури 133 милиони долари, и дека најчести жртви биле жени на возраст од околу 50 години.