05.12.2017 01:37

ФБИ откри тајна за вонземјаните (видео)


Вонземјаните изгледа навистина ја посетиле Земјата. И не само што ја посетиле, туку некои и засекогаш останале на нашата планета и тоа во близина на гратчето Розвел во Ново Мексико.

Во најновото откритие, одгатнато во тајните документи на ФБИ, специјалните агенти кои се занимавале со неидентификувани тајни објекти во педесетите години од минатиот век, наведуваат дека не само што три летечки чинии паднале над Розвел, туку дека во секој од нив имало по едно суштество надвор од планетата.

СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)

Во тие непознати летечки објекти, како што се објавува деновиве, пронајдени се тела со човечка форма, високи само 91 сантиметар и облечени во облека од непознат материјал, кој наликувал на пилотски.

Агентите на ФБИ се повикуваат на сведоци и инспектори на Воздухопловните сили, препишувајќи им ги заслугите за оваа откритие, после кое, се дознава дека леталата се срушени, а вонземјаните страдале поради силни радарски сили кои создале пречки во управувачките механизми на НЛО.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments