ФБИ формира нова единица поради криптовалутите

Сподели со своите пријатели

По порастот на криминалот со криптовалути и напади со откуп, американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ги откри своите планови за лансирање на нова единица.

Loading...

Единицата ќе биде посветена на запирање на сајбер криминалците кои злоупотребуваат дигитални валути и нови технологии.

На овогодинешната конференција во Минхен за сајбер безбедност, заменик-јавниот обвинител на САД Лиза Монако најави формирање на единица за користење на виртуелна сопственост (VAXU).

Монако тврди дека на тој начин ќе се спречат измами и закани кои ги злоупотребуваат иновациите, пишува подгорички Вијести.

Тимот на VAXU ќе собере експерти за криптовалути, блокчејн анализа и заплена на виртуелни средства под еден покрив за да спроведе истрага и да ги обучи членовите на ФБИ како да се справат со овие растечки закани.

Единицата VAXU ќе биде дел од оддел на Министерството за правда.

На крајот на минатата година беше формиран тим за имплементација на законите поврзани со криптовалутите (NCET).

Кенет Полит, помошник-државен адвокат од Кривичниот оддел на Министерството за правда на САД, даде дополнителен увид во соопштението за печатот зошто е создаден NCET.

Loading...

– Со брзиот развој на дигиталните средства и технологијата, видовме зголемување на злоупотребата на овие иновации од страна на сајбер-криминалците. Тие незаконски вршат и поттикнуваат сајбер напади, шеми за откуп и изнуда. NCET ќе служи како фокусна точка за напорите на одделот да се справи со криминалот со овие технологии“, посочи Полит.