Фаучи: Делта сојот ги предизвикува новите случаи во САД

Сподели со своите пријатели

Ентони Фаучи, водечки американски експерт за инфективни болести, рече дека делта сојот на коронавирусот предизвикал повеќе од 80 проценти од новите случаи во САД.

Loading...

„Одобрените вакцини се ефикасни во повеќе од 90 проценти од случаите во спречување на хоспитализации и смртни случаи“, рече Фаучи, член на тимот на Белата куќа, за реагирање на пандемијата на КОВИД-19, за време на дебатата во американскиот Сенат.

Сослушувањето беше обележано и со дебата со републиканскиот сенатор Ренд Пол, кој го обвини Фаучи за кажување невистини дека Националниот институт за здравство обезбедува финансирање на истражување на Кинескиот институт за вирусологија во Вухан – првичниот епицентар на глобалната пандемија COVID-19, пренесува Гласот на Америка.

Потеклото на коронавирусот стана предмет на жесток партиски конфликт во САД.

Републиканците поттикнаа истражување дали е развиено во лабораторија во кинескиот град Вухан.

Делта варијантата на вирусот корона беше откриен во Индија на почетокот на 2021 година.

Оттогаш стана доминантна верзија на вирусот во САД и другите земји.

Досега е откриен во повеќе од 90 земји.

Loading...

Leave a Reply