Фајзер: Нашата експериментална вакцина против Ковид-19 е ефикасна 90 отсто

Сподели со своите пријатели

Фармацевтската компанија Фајзер денеска соопшти дека нивната експериментална вакцина против Ковид-19 има ефикасност од 90 отсто. Таквото трвдење тие го темелат  врз основа на првични податоци од голема студија.

Loading...

Тие тврдат дека немало сериозни несакани ефекти.

– Денеска е одличен ден за науката и човештвото. Првиот сет резултати од нашето испитување на вакцината против Ковид-19, од фаза три, дава првични докази за можноста на нашата вакцина да спречи Ковид-19, изјави Алберт Бурла, претседател и извршен директор на Фајзер.

Во испитувањата во третата фаза учествуваа повеќе од 43.000 луѓе. Бионтех најави дека заедно со Фајзер најверојатно идната недела ќе побатра дозвола од американската Агенција за храна и лекови.

Златко Шумковски

Leave a Reply